20 Years Lirex.com - IT Innovations

Информација за Лирекс.ком

Отвори историја

1991

Основање на „Агенцијата Натурела” ООД – специјализирана за продажба на компјутерска техника. Дел е од групата „Натурела”, чија што основна дејност е во областа на финансиите.

Отварање на канцеларија во Варна – кон крајот на првата година од своето постоење, „Агенцијата Натурела” ја отвара и втората канцеларија во земјата.

подробно
1992

Почеток на партнерството со Hewlett-Packard – склучен е првиот договор меѓу Агенцијата Натурела и Hewlett-Packard Vienna.

1996

Почеток на партнерството со Cisco Systems – склучен е првиот договор меѓу Агенцијата Натурела и Cisco Systems Франција.

Закупување на „Лантех” и канцеларија во Габрово – раширување на работата во земјата преку закупување на габровската фирма Лантех, која што се занимава со продажба на компјутерска техника.

'96-'97

Почеток на партнерството со Dell и основање на „Индекс-Бугарија“ – „Агенцијата Натурела” склучува договор со Dell и ја основа Индекс-Бугарија, за целосно да ги превземе партнерските должности.

'97-'98

Одделување од групата Натурела – „Агенцијата Натурела” се одделува од групата „Натурела” и го менува своето име во „Лирекс БГ“. Ги запазува сите дотогашни партнери и клиенти и го продолжува својот развој во ИТ секторот.

2000

„Лирекс Нет” – „Лирекс БГ“ го создаваат друштвото „Лирекс Нет“, кое што ги превзема дејностите во областа на телекомуникациските услуги, насочени кон бизнис клиентите.

2001

ISO сертификат – Системот за управување на квалитетот на „Лирекс БГ“ за прв пат добива ISO сертификат. Системот е одобрен од Lloyd's Register Quality Assurance во корелација со стандардите ISO 9001:2000, EN ISO 9001:2000 и BS EN ISO 9001:2000.

2002

Награда од Cisco Systems – На годишната средба со партнерите на Cisco Systems - Partner Summit

2002 во Орландо, „Лирекс БГ“ добива награда за Best Year-over-Year Performance. Таа се доделува за најдобро целосно претставување меѓу партнерите на мрежниот гигант. Cisco Gold Partner – „Лирекс БГ“ е првото друштво во Бугарија, кое што се здоби со статутот на златен партнер на Cisco Systems. Ова е најсериозната сертифицирана програма во светската мрежна индустрија. Со добивањето на престижниот статус „Лирекс БГ“ докажува пред своите партнери и клиенти, дека ги постигнало највисоките стандарди на Cisco Systems, како во областа на проектирањето и вградувањето на мрежните решенија, така и на можностите за нивната поддршка.

Microsoft Gold Partner – Друштвото го добива статусот на Златен партнер на Microsoft за корпоративните системи. Сертификатот е доказ за стекнатите знаења и искуство на екипата на друштвото, во проектирањето на големите корпоративни информациски системи, искористувајќи ги најновите софтверски продукти и решенија на Microsoft.

2003

Државна Регистратура за Класифицирана Информација.

Персоналот надминува 100 луѓе – компаниите Лирекс продолжуват да се зголемуват и да отварат нови канцеларии во земјата.

2004

„Лирекс БГ“ ги разделува своите основни дејности меѓу своите новосоздадени друштва: „Лирекс БС“ – ја превзема досегашната дејност, поврзана со предлагањето на целосни бизнис решенија, управувачко консултирање и Outsourcing; „Лирекс High-Tech“ – ја превзема работата за продажба, дистрибуција и поддршка на целата производна палета, насочена кон крајните корисници.

2005

AQAP сертификат – „Лирекс БГ“ за прв пат добива сертификат, кој што потврдува, дека Системот за управување со квалитетот на компанијата соодветствува со сојузната публикација на НАТО - AQAP 2110 (Allied Quality Assurance Publication).

2006

НАТО Регистратура за Класифицирана Информација.

2007

Персоналот надминува 300 луѓе – „Лирекс БГ“ продолжува да се шири и да го зголемува својот персонал, кој што за 4 години порасна за 300%.

2008

Отварање на нова канцеларија „Лирекс Скопје“ – компанијата се проширува со формирањето на друштвото „Лирекс Скопје“, кое што ги нуди сите услуги на компаниите Лирекс на територијата на Република Македонија.

VMware VIP Enterprise Partner – „Лирекс High-Tech“ станува официјален партнер на компанијата VMware. Оваа е признание на бугарската компанија за присуството на специјалистите и експертизата за продуктите на VMware и правото да ги продава, конфигурира и инсталира.

IronPort Silver Channel Partner – „Лирекс БГ“ е првата компанија во Бугарија што ги покрива сите барања на IronPort и прва го добива статусот на IronPort Silver Channel Partner.

Fujitsu-Siemens Computers Corporate Partner – „Лирекс High-Tech“ станува партнер на Fujitsu-Siemens Computers. За „Лирекс High-Tech“ ова е логичен чекор, по кој компанијата може уште поцелосно да одговори на корисничките барања со проширеното портфолио.

2009

ISO 27001 –„ Лирекс БГ“, „Лирекс БС“ и „Лирекс High Tech “ сe едни од малкуте компании во Бугарија кои го добија сертификатот ISO 27001:2005. Ова е единствениот меѓународен стандард, кој што ги определува барањата на системот за управување на информациската базбедност и по кој што се извршуваат ревизиите. Стандардот ISO 27001:2005 ја обезбедува дискретноста, интегритетот и пристапот на информациските активи и го сведува ризикот на минимум, поврзан со информациската безбедност

2010

ISO 20000-1:2005 Сертификатoт го опфаќа управувањето на квалитетот на ИТ услугите. Со сертификацијата по ISO 20000-1:2005 стандардот, ќе се реализира оптималната варијанта за најефикасно управување на ИТ услугите преку имплементирање на интегрираниот систем за управување на квалитетот и информациската сигурност во согласност со ISO 9001:2000 и ISO 27001:20000 стандардите.

2011

ISO 14001:2005 Друштвата од групата Лирекс.ком како главна цел си го поставуваат постојаното подобрување на работата во однос на заштита на животната средина, оддржување и развој на имплеметираниот Систем за управување на околната средина (СУОС) во согласност со барањата на ISO 14001:2005.Во основата на овој стандард лежи загриженоста на човештвото за остварување на стабилен развој на планетата.

OHSAS 18001:2007 Друштвата Лирекс.ком како главна цел си го поставуваат одржувањето и обезбедувањето на здравствените и безбедносните услови при работа ,во согласност со барањата на OHSAS 18001:2007. Сертификацијата е доказ за посветеноста на компанијата за безбедна работна средина и заштита на вработените и други заинтересирани страни од несреќи и инциденти.

Компаниите Лирекс.ком ја одбележаа својата 20 годишнина.