Нашите центри за навремена и компетентна сервисна помош ја обезбедуваат работоспособноста на вашите ИТ ресурси. Во целата земја, при избрана од вас сервисна шема, нашите сертифицирани екипи извршуваат гаранциска и постгаранциска поддршка, инсталираат техника и ги имплементираат промените во конфигурацијата на вашата ИТ инфраструктура.
Услуги, коишто ги предлагат сервисните центри:
- Гаранциска поддршка – според гаранциските услови и стандардите на фирмата производител
- Постгаранциска поддршка – конкурентни цени и максимално кратки рокови. Сервисните центри располагаат со магацински залихи на оригинални резервни делови од производителите со коишто Лирекс High Tech е сервисен партнер – HP, Cisco, Brother, Xerox, Samsung
- Дополнителна гаранција – продолжување на гаранцискиот период од 1 до 3 години
- Претплатничка поддршка на информациски системи - условите зависат од конкретните потреби на Вашата компанија
- Услуги, поврзани со поддршката на Вашата ИТ опрема – консултирање и инсталирање, како и проширување и модернизација на информациските системи.
За врска со сервисот, нашите клиенти можат да се јават на e-mail: support@lirex.bg или тел.: +389 (2) 322 4157.